Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим, а особено го пофали голманот Давид де Хеа.
Голманот по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија во изминатиот период беше честа цел на критики, но во Лондон беше еден од најзаслужните за победата на Шпанија.
– Особено сум задоволен од тоа што го прикажа Де Хеа. Тој е еден од најдобрите светски голмани и никогаш не се сомневав во него. Грешките понекогаш помагаат да напредувате и да бидете уште подобар, истакна Енрике.
Тој дебитираше на шпанската клупа со победа против Англија од 2:1 на гостувањето на „Вембли“ во Лигата на нациите. (МИА)