сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Енцо Фернандез во Челси за 120 милиони евра

Енцо Фернандез во Челси за 120 милиони евра

Челси, Бенфика и Енцо Фернандез се договорија. Аргентинецот станува дел од лондонските „сини“ откако фудбалерот ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до 2031 година.

Според најавите, двете страни си подале рака за трансфер вреден 120 милиони евра, што е најголем во историјата на Челси, и најголем во овој преоден рок.

Челси синоќа испрати авион по Енцо и челниците на Бенфика за да ја завршат работата и да го реализираат овој трансфер.