Кристијан Ериксен колабираше на теренот на „Паркен“ на дуелот меѓу Данска и Финска, а иако беше вратен во живот и неговата состојба е стабилна, тој ќе мора да мине време надвор од терените.
Соиграчите од Данска иако во шок, по среќните вести за состојбата на Ериксен го продолжија турнирот, а бележат неверојатни резултати бидејќи ќе играат во полуфиналето на Европското првенство. Во рундата на осум најдобри ја исфрлија Чешка со 2-1. Според „Газета дело Спорт“, Кристијан Ериксен испратил порака до репрезентативците по успехот, во која напишал: „Многу сум горд на вас“.
Данските фудбалери несомнено имаат дополнителен мотив на ова ЕП, да играат за Ериксен кој е најдобар играч во тимот. Пред плејмејкерот е период на рехабилитација, а засега не е познато дали срцевите проблеми ќе му прават проблем активно да се занимава со фудбалот.