Кристијан Ериксен вчера е успешно опериран во Копенхаген, по што е пуштен од болница.
Веднаш по заминувањето, ги посетил соиграчите по што заминал со семејството.
Веста ја потврди и данскиот фудбалски сојуз на својот Твитер профил кој ја пренесе и првата порака на Ериксен по операцијата.
-Им благодарам на сите за големиот број поздрави и убави желби. Беше неверојатно тоа да се почувствува и види. Операцијата помина добро и јас добро се чувствувам со оглед на околностите. Беше навистина прекрасно да се видат повторно момците по фастастичниот натпревар. Нема потреба да кажам дека ќе навивам за нив во понеделник против Русија, истакна Ериксен.
Christian Eriksen has been discharged from the hospital. More here ⬇️#ForDanmark pic.twitter.com/jzF338XiC1
— DBU – En Del Af Noget Større (@DBUfodbold) June 18, 2021