Играчот од средниот ред Кристијан Ериксен одби да потпише нов договор со Тотенхем. Англискиот клуб му понуди на 27-годишниот Данец да склучи договор до 2024 година. Платата на Ериксен би се искачила на девет милиони евра по сезона.
Сега е веројатно дека Ериксен ќе замине во текот на летото како слободен агент. Интерес за играчот пројавија Интер, ПСЖ и Реал Мадрид.
Оваа сезона Ериксен настапи на 15 натпревари за Тотенхем, постигна два гола и забележа една асистенција.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува играчот на 100 милиони евра.