Тимот на Манчестер Сити дојде до посакуваните три бода на вечерашната пресметка со Вест Хем (3-0) со што одново си ја врати позицијата број еден на табелата која во изминативе 24 часа ја имаше Арсенал по славјето над Челси.
За Норвежанецот на овој меч оваа беше 35.лигашки погодок со што стана играч со најмногу дадени голови во една сезона во Премиер Лигата, односно во случајов ги надмина Енди Кол и Алан Ширер (34).