среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерменија ја победи Романија за три победи по три кола

Ерменија ја победи Романија за три победи по три кола

Во пресрет на останатите натпревари кои се играат од терминот од 20:45 часот, се одигра првиот меч од вечерашната програма во третото коло од квалификациите за СП 2022 година во Катар.

Во Групата Ј, во која е и нашата репрезентација, Ерменија успеа да ја совлада Ерменија со 3:2 во уште еден спектакуларен натпревар и во моментов Ерменците се лидери во групата со максимални девет бода по три одиграни натпревари.

Најпрво Ерменците поведоа во 56. минута преку Спертсјан, а во 62. минута Романија дојде до израмнување преку Цицалдау, а истиот играч десет минути подоцна донесе пресврт и водство за гостите.

Сепак, во 78. минута работата за Романците беше отежната откако Пушкаш доби црвен картон, па гостите останаа со играч помалку. По ова следуваше лудилото во Ереван. Најпрво Харојан по асистенција на поранешниот Вардарец Тигран Барсегјан во 87. минута го израмни резултатот, а потоа и самиот Барсегјан со гол од пенал во 89. минута донесе победа и огромна радост на трибините на стадионот во Ереван на кој вечерва беа присутни 10.000 гледачи.

Ерменците во првото коло едвај го совладаа Лихтенштајн со 1:0 на гостински терен, а потоа уште еднаш докажаа колку се моќни кога играат дома, па го победија Исланд без проблеми со 2:0 и сега Романија со 3:2, со што се искачуваат на врвот на табелата со 9 бода по три одиграни натпревари.

Од друга страна, ние имаме три бода и натпревар помалку, но гостуваме кај Германија која е втора со шест бода. Романците исто така имаат три бода, а Исланд и Лихтенштајн ниту еден. Со ова само се покажува колку оваа група ќе биде неизвесна до самиот крај кога станува збор за битката за второто место.