среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ернандез: Меси? Не му се плашиме!

Ернандез: Меси? Не му се плашиме!

Франција и Аргентина ќе се судрат во недела од 16 часот во битката за златниот трофеј, а Ернандез посочи дека имаат три дена за да се подготват за одбрана на трофејот кој го освоија по вторпат пред четири ипол години во Русија.

„Меси? Не му се плашиме! Аргентина има одличен тим, но имаме неколку дена да се подготвиме“, рече Ернандез.

Тој посочи дека иако се чувствува умор, уживаат во прекрасните моменти и на овој Мундијал.

„Ова беше една неверојатна вечер, тежок меч зашто Мароко е извонреден тим. Но, победивме и сега треба да се насочиме кон финалето. Имавме еден неверојатен месец во кој напорно работевме за да дојдеме до тука. Уморен сум, но ова е прекрасно. Сега ни треба брзо да се рекуперираме и да бидеме на сто отсто за финалето“, додаде Ернандез.