Поранешниот легендарен камерунски напаѓач Самуел Ето, кој сега е на чело на фудбалската федерација на својата земја, предвидува африканско финале на Светското првенство во Катар, иако репрезентациите од овој континент никогаш не минале понатаму од четвртфинале.
– Камерун во финалето на СП 2022 ќе го победи Мароко, рече Ето во интервју кое го пренесоа организаторите на Мундијалот во Катар.
– Со текот на годините, африканските тимови стекнуваа се повеќе искуство и мислам дека се подготвени не само да учествуваат на Светско првенство, туку и да победат на ова натпреварување, додаде поранешниот камерунски репрезентативец и фудбалер на Барселона и Интер.
СП започнува утре со дуелот меѓу домаќинот Катар и Еквадор. (МИА)