среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еве кога почнуваат големите лиги- во уште едно од топ 5 првенствата ВАР технологија од оваа сезона

Еве кога почнуваат големите лиги- во уште едно од топ 5 првенствата ВАР технологија од оваа сезона

Откако заврши Светското фудбалско првенство во Русија, каде шампион беше Франција, моментално фудбалски активности во Европа имаат тимовите од помалите лиги, кои играат квалификации за европските натпреварувања. Но, она што сите вистински фудбалски фанови го чекаат е почетокот на големите фудбалски првенства.

Први со играње почнуваат во Англија и Франција и тоа во ист ден, во петок на 10-ти август. Лига 1 ја отвораат Марсеј и Тулуз, а новото издание на Премиер лигата почнува со средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер. Првото големо дерби се игра два дена подоцна на Емирејтс, каде на гости кај Арсенал пристигнува Манчестер Сити.

Една недела подоцна започнуваат Ла Лига и Серија А, иако распоредот ќе се денеска, односно на 24-ти јули. Последна која почнува е Бундес лигата. Германското првенство почнува на 24 август, а сезоната тргнува една недела порано кога на распоредот е првото коло од германскиот куп.

Следната сезона ќе биде историска за Шпанија, каде за прв пат ќе се користи ВАР системот на сите првенствени натпревари. Но, видео анализите нема да бидат во Премиер лигата, каде клубовите гласаа против воведување на преглед на снимките. Лигата требаше двотретинско мнозинство за воведување на ВАР, но дури 20 клубови гласаа против, затоа што сметаат дека системот треба уште да се развива.