Фудбалската федерација на Англија (ФА) го обвини тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за недолично однесување за време на премиерлигашкото дерби против Манчестер сити, јавија британските медиуми.
Ливерпул во неделата пред своите гледачи со совлада Манчестер сити со 1-0, а германскиот стратег беше исклучен во финишот на натпреварот бидејќи го напушти тренерскиот простор за да протестира кај помошниот судија.
-Однесувањето на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во текот на 86 минута беше недолично, се наведува во соопштението на ФА: Клоп има рок од три денови да одговори на наводите, а потоа ФА ќе донесе одлука околу евентуалната казна за стратегот на Ливерпул.