Tренерот на фудбалерите на Ливерпл заработи суспензија од еден натпревар поради непримерно однесување и нема да го предводи тимот во претстојниот натпревар против Астон Вила во Премиер лигата.
Клоп покрај суспензијата ќе мора да плати и казна од 75.000 фунти, а втората суспензија е условна казна до крајот на следната сезона, ако се повтори прекршокот. Германскиот стратег остро го критикуваше судијата Пол Тирни по победата против Тотенхем 4:3 во натпреварот одигран на 30-ти април.
Независната комисија утврди дека изјавата на Клоп претставува недолично однесување со кое е доведен во прашање интагритетот на судиите.