среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФА парично го казни Клоп за дивеењето против Манчестер Сити

ФА парично го казни Клоп за дивеењето против Манчестер Сити

Менаџерот на англискиот фудбалски вицешампион Ливерпул Јирген Клоп е казнет со 30.000 фунти поради конфликт со помошниот судија за време на дербито во Премиер лигата во кое неговиот тим пред единаесет дена го совлада Манчестер Сити со 1-0.

Клоп беше отстранет од клупата по жестоките протести кон помошниот судија бидејќи сметаше дека неговиот напаѓач Мохамед Салах бил сопрен со прекршок кон крајот на натпреварот.

„Менаџерот на Ливерпул прифати дека неговото однесување во 86. минута е неприфатливо“, соопшти Англиската фудбалска асоцијација (ФА).

По натпреварот, Клоп се извини за своето однесување и рече дека требаше да се однесува поинаку.