петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФА со дополнителна санкција за Ван Дајк

ФА со дополнителна санкција за Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк доби дополнителна санкција од ФА за неговото однесување на дерби средбата против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.

Холанѓанецот заработи црвен картон на тој дуел, одлука која не му се допадна и имаше што да им каже на арбитарот за истата.

Тој негов јазик му донесе проблеми и упатените зборови му донесоа дополнителна суспензија, плус парична казна.

Тој веќе го скокна мечот со Астон Вила, но сега ќе мора да го пропушти и дуелот со Вулверхемптон закажан за 16 септември и воедно ќе извади од џебот 100.000 фунти.

Дефанзивецот ја прифати казната и воедно порача дека веќе им се извинил на судиите за за своето однесување.