четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фабрегас: Ливерпул со Клоп доби џекпот

Фабрегас: Ливерпул со Клоп доби џекпот

Фудбалерот од средниот ред на Монако, Цеск Фабрегас смета дека успесите на Ливерпул се најмногу по заслуга на тренерот Јирген Клоп.

– Ливерпул е неверојатен клуб кој доби џекпотот со тоа што го покани Јирген Клоп и му ги обезбеди вистинските играчи. Му дадоа време да изгради нешто посебно, напиша Фабрегас.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиерлигата со убедливи 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер сити.