Според „Марка“, 31-годишниот Шпанец сака да се повлече поради слаба минутажа.
За Фабрегас заинтересирани се Милан, Валенсија и Атлетико.
Договорот на Шпанецот со Челзи истекува на 30 јуни 2019 година.
Во тековната сезона, Фабрегас играше 14 натпревари за Челзи, постигна еден гол и оствари две асистенции.
На фудбалскиот пазар вредноста на Фабрегас се проценува на 25 милиони евра.