четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фановите на Барса со расистички навреди кон Винисиус, фрлена банана, се огласи каталонскиот гигант

Фановите на Барса со расистички навреди кон Винисиус, фрлена  банана, се огласи каталонскиот гигант

Нов случај на расизам во Шпанија и повторно мета на навреди е крилото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Откако минатиот викенд Винисиус беше навредуван во Севилја, денеска имаше нов случај на Олимпискиот стадион во Барселона.

Кога излегуваше од игра, Бразилецот беше гласно исвиркуван, тој истотака ги провоцираше фановите, а некои од нив беа снимени како го гаѓаат со банана и викаат по него дека е „еб.н мајмун“.

Откако снимката излезе во јавност, од Барселона излегоа со соопштение по повод овој немил настан.

„Барселона секогаш ги брани вредностите на фудбалот како почит кон противниците и ќе ја истражиме секоја расистичка навреда која можеби се случила за време на мечот против Реал Мадрид” – велат од Барса.