петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фановите на Милан се испотепале за дрес, едно лице рането со нож

Фановите на Милан се испотепале за дрес, едно лице рането со нож

Како што јавуваат медиумите во Италија, вчера по мечот меѓу Болоња и Милан, настанал хаос пред стадионот „Ренато Дал Ара“.

Дошло до меѓусебна тепачка на фановите на Милан и тоа поради дрес кој бил фрлен од еден играч кон фановите. На трибината дошло до мешаница, а надвор и до класична тепачка.

Тука еден од учесниците бил прободен со нож. Веднаш е префрлен во болница и ситуацијата не била така наивна.

Неофицијално навивачите на Болоња воопшто не биле вмешани во тепачката. Навистина чудно, поради еден дрес или шорцеви од твојот тим, да избодеш навивач од својата навивачка група.

Извор: СпортМедиа