вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фаталната хрватска навивачка Ивана полудела по овие тројца српски фудбалери

Фаталната хрватска навивачка Ивана полудела по овие тројца српски фудбалери

Најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол допатува во Доха за да ја бодри својата репрезентација.

Таа уште на самиот старт направи „пореметување“ на стадионот со својата појава, откако се појави кога Хрватска играше со Мароко.

Во моментов Хрватска ја очекува меч со Бразил, а таа јаде суши и слуша азиска музика, откако нејзината Хрватска ја победи селекцијата на Јапонија по изведувањето на пеналите!

Атрактивната Инвана реши да проговори за српските репрезентативци!

Таа навиваше да се сретнат токму овие две репрезентации во четвртфиналето, но српската селекција испадна од Швајцарија. Ивана присуствуваше на дел од натпреварите кои ги играше репрезентацијата на Србија и изрази длабоко жалење што повеќе нема да ги гледа во Катар!

-Навистина ми е жал што испаднаа, нема да се видиме во четвртфиналето, а многу го посакував тоа. Го гледав натпреварот со Швајцарија, беше возбудлива од повеќе страни, имаше и инциденти, мислев дека ќе победат Србите. Подгответе се подобро следниот пат, изјави Ивана за еден српски портал.

Имено Ивана стана популарна на социјалните мрежи поради едно нејзино интервју во кое не можеше да се сети на три играчи од хрватската репрезентација, но овој пат се извади и кажа кои српски фудбалери ги сака!

-Дојде до недоразбирање, бидејќи ме прашаа за три најдраги играчи, а јас имам само еден, се блокирав во тој момент. Но, еве сега ќе кажам, Лука Модриќ, Јошко Гвардил и Дејан Ловрен. А ако морам да кажа и тројца од српската репрезентација, тоа би биле Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ, а може и Костиќ, рече Ивана со насмевка на лицето.

Printscreen, Foto: Pedja Milosavljević