четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фергусон им врачи јубилејни награди на Роналдо и Де Геа

Фергусон им врачи јубилејни награди на Роналдо и Де Геа

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон им врачи награди на Давид Де Геа и Кристијано Роналдо пред денешниот натпревар со Њукасл од 11. коло во Премиер лигата.

Пред мечот на „Олд Трафорд“ шпанскиот голман и португалскиот напаѓач добија пригодни подароци од Фергусон.

Натпреварот против Њукасл беше 500-ти за голманот за Манчестер јунајтед, а Роналдо неодамна го постигна својот 700-ти гол на клупско ниво.

Средбата Манчестер јунајтед – Њукасл заврши без победник 0:0.