Фудбалската федерација на Македонија во Кичево организира семинар за главни судии и асистенти судии за
пролетниот дел од натпреварувачката сезона во Македонските фудбалски лиги.
Семинарот во Кичево им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.
Новиот претседател на судискиот одбор на ФФМ и прославениот македонски судија, Димитар Мечкаровски даде позитивна оценка за постигнатото во досегашниот дел од припремите.
– Во периодот од 7 до 12 февруари во Кичево, Фудбаласката Федерација на Македонија организира успешен редовен зимски семинар за главни судии и асистенти судии според најновите и највисоките УЕФА критериуми. Сакам да ја пофалам физичката спремност кај судиите, покажаа вистинска професионалност и максимална фокусираност на овој семинар. Нивната одлична подготвеност во тешки услови на пандемија е одличен показател пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во МФЛ, истакна Мечкаровски.
Пролетниот дел од сезоната 2021/22 во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува следниот викенд.