понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА апелира да се евакуираат фудбалерки од Авганистан

ФИФА апелира да се евакуираат фудбалерки од Авганистан

Светската фудбалска федерација ги повика владите на некои земји да извршат итна евакуација на фудбалерки од Авганистан.

Откако Талибанците ја презедоа власта во земјата, фудбалерките почнаа да се плашат за своите животи.

Федерацијата „FIFPro“, исто така, побара помош за спортистките.

Во оваа организација веќе се разработуваат планови за евакуација на фудбалерките и нивно одведување на безбедно.