Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака има албански корени и тензијата беше неминовна. По натпреварот Џака го соблече дресот, а под својот носеше друг со бројот 26 и презимето Јашари. Сите помислија дека се работи за провокација, односно дека му оддава чест на починатиот косоквски генерал Адем Јашари од војната со Србија во 1998 година. Самиот тој ги негираше овие наводи
. „Нема политичка позадина зад носењето на дресот. Го облеков поради Ардон Јашари, тој е момче кое ми се допаѓа и се дружам со него често. Ардон често бара совети од мене, а јас му ветив дека ако дадам гол ќе го покажам неговиот дрес“, кажа Џака.
Според најавите, постојат реални шанси ФИФА да спроведе истрага за дали имало политичка позадина во гестот на Џака. Доколку се докаже дека се работи за такво нешто, фудбалерот на Арсенал би можел да биде казнет.