вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и селекции

ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и селекции

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираа тимовите и репрезентациите од натпреварувањета. И додека се борат сите да се остави политиката надвор од спортот, сепак војната меѓу Украина и Русија ептен ги погоди и спортистите.

Тоа значи дека Спартак Москва ќе биде исфрлен од Лига Европа, додека Русија нема да може да настапи во баражот за пласман на Мундијалот во Катар и нема да игра ниту во Лигата на нации, доколку во меѓувреме не се промени нешто.

„ФИФА и УЕФА заеднички решија да ги суспендираат руските тимови, националните и клупските, од сите натпреварувања. Фудбалот ќе остане обединет и тука владее целосна солидарност кон луѓето во Украина“, соопштија од организациите.