Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и забрани на данската фудбалска репрезентација да носи маици со натпис Human Rights for All (човекови права за сите) на тренинзите за време на учеството на Светското првенство во Катар.
Данска е една од земјите што најостро ја критикуваше одлуката домаќинството на Светското првенство да му се додели на Катар поради непочитување на човековите права во таа арапска земја.
Дури и спонзорите на данскиот фудбалски сојуз се согласија да се откажат од својот простор на тренинзите за да испратат порака за ситуацијата во Катар, но ФИФА го одби барањето на Данците за ваква порака со образложение дека политичките пораки се забранети