четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ја одби жалбата на Франција за поништениот гол на Гризман

ФИФА ја одби жалбата на Франција за поништениот гол на Гризман

Жалбата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) за непризнатиот гол на Антоан Гризман во последните секунди од натпреварот од 3. коло од групата „Д“ против Тунис на Светското првенство во Катар е одбиена, соопшти Дисциплинската комисија на ФИФА.

Франција поднесе официјална жалба по поразот од Тунис со 0-1, тврдејќи дека судијата го поништил голот на Гризман откако означил крај на натпреварот.

Голот на Гризман беше поништен откако судијата пресуди дека тој ја искористил својата офсајд позиција по нафрлувањето на Орелиен Чуамени, иако тунискиот дефанзивец се обиде со глава да го расчисти центаршутот пред Гризман да постигне гол.