петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Кој го пушти арогантниот готвач да се турка со фудбалерите и да им го одземе трофејот? (ФОТО)

ФИФА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Кој го пушти арогантниот готвач да се турка со фудбалерите и да им го одземе трофејот? (ФОТО)

Арогантниот готвач Нусрет Гокче предизвика револт кај вистинските фудбалски фанови откако излезе на теренот и ја вознемири репрезентацијата на Аргентина по освојувањето на Светското првенство во Катар.

Тој се туркаше со играчите, им го грабна трофејот од раце, а се изгледаше навистина бизарно бидејќи апсолутно никој не сакаше да го види на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

„Поради ова, ФИФА е под силен напад од навивачите. Познато е дека првиот човек на федерацијата Џани Инфантино му дозволил да ги следи натпреварите, но се уште не е познато како Нусрет успеал да дојде на теренот.

Поради ова, Светската фудбалска федерација покрена внатрешна истрага и излезе со соопштение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

„Како еден од најпрепознатливите симболи на спортот во светот, оригиналниот трофеј на ФИФА може да го допрат само одредени луѓе, вклучително и поранешни победници и избрани поединци“, се вели во соопштението на ФИФА кое продолжува:

„ФИФА истражува како одредени лица успеале да излезат на теренот по церемонијата на 18 декември. Ќе има истрага во организацијата“, се вели во пораката од чадорот на светскиот фудбал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Многу е можно Инфантино да е всушност одговорен за доаѓањето на Нусрет на теренот и тој да му го овозможи тоа. Во 2021 година Нусрет го угости во неговиот ресторан, а Инфантино беше многу благодарен за стекот.

„Господине Нусрет – број еден. Најдобриот од најдобрите. Незаборавна вечер во Дубаи со Нусрет и јас дефинитивно ќе се вратам”, изјави Инфантино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)