четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА строго ја казни Албанија за инцидентите на мечот со Полска

ФИФА строго ја казни Албанија за инцидентите на мечот со Полска

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни фудбалската федерација на Албанија со 150.000 швајцарски франци или (140.000 евра) за прекинот што го направија навивачите на западниот сосед со Полска, кога мечот привремено се прекина.

Навивачи на Албанија со стаклени шишиња фрлаа кон Полјаците и го погодија Карол Свидерски при прославата на голот на 13 минути пред крајот од мундијалскиот квалификациски меч на „Ер Албанија“ во Тирана, по што судијата го прекина мечот на 20-на минути кој се доигра и каде победија Полјаците со 1-0

Освен парична казна Албанците добија казна и еден меч пред празен стадион, кој Албанците ќе го одработат на крајот од овој циклус идниот месец на пресметката со аутсајдерот Андора, откако претходно ќе гостуваат во Англија кај „Гордиот Албион“.