среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Финалето од фудбалската ЛШ ќе се игра во Њујорк?

Финалето од фудбалската ЛШ ќе се игра во Њујорк?

Европската куќа на фудбалот УЕФА ја разгледува можноста финалето од Лигата на шампиони да се игра во САД поточно во Њујорк.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го гледа стадионот во Њујорк како потенцијален домаќин на финалето од ЛШ во 2025 година.

„Да се оди од Португалија во Азербејџан, на пример, е скоро исто како во Њујорк. За навивачите тоа нема да биде проблем“, изјави Чеферин.

Стадионот „МетЛајф“ во Њујорк има капацитет од 82.000 места.