Ханси Флик верува дека Германија има доволно време да ја поправи ситуацијата и ќе мора да брка победа и три бода против импресивниот тим на Шпанија.
Селекторот на Германија не штедеше комплименти и за противничкиот тим и посебно го пофали Луис Енрике, но истовремено призна дека во „фуријата“ го нема неговиот омилен шпански фудбалер, на кого инаку му беше тренер во Баерн Минхен.
– Нависитна многу го почитувам Луис Енрике, многу го ценам тоа што го прави и работи. Секогаш разговараме кога ќе се видиме и пријатно е да се зборува со него. За жал, мојот омилен шпански играч не е повикан на мундијалот, станува збор за Тиаго. Фактот што не е повикан еден таков играч, најдобро говори каков избор има во Шпанија. Според мене, Бускетс е срцето во тимот на Шпанија и едвај чекам да дојде утрешниот меч за да ги одмериме силите на теренот, – изјави Флик на пресот.