вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Флик не жали што не го однесе Хумелс на Светското првенство

Флик не жали што не го однесе Хумелс на Светското првенство

Ханс-Дитер Флик не жали што не го вклучи Матс Хумелс во селекцијата на Германија за Светското првенство 2022.

Предводникот на „панцирите“ смета дека 33-годишниот дефанзивец не се вклопува во моделот на игра на репрезентацијата, пренесува „Sport1.de“.

Во Борусија Дортмунд, Хумелс е навикнат да игра подлабоко дефанзивно, додека германската репрезентација се залага за поотворено, напаѓачки фудбал базиран на посед.

На Светското првенство во Катар, Германија не успеа да се пласира во плејофот, освојувајќи четири бода во три натпревари од групната фаза.  (МИА)