Германскиот селектор Ханси Флик не го криеше разочарувањето после поразот од Јапонија и призна дека тимот сега ќе биде под голем притисок.
Германија доживеа шоканетн пораз од Јапонија, иако имаше водство на полувремето со голот на Гундоган.
„Можеме да се обвинуваме само себе си. Ова е големо разочарување. Имавме 78% од посед на топката во првото полувреме, во вториот дел имавме многу шанси кои не ги искористивме. Јапонија очигледно не победи со подобра ефикасност. Направивме индивидуални грешки кои не треба да се направат“, изјави Флик.
„Јасно е дека сега ќе бидеме под голем притисок. Но, има уште шест бода во групата и сакаме да ги освоиме“, додаде селекторот.