Фил Фоден би можел да паузира и до еден месец, фудбалерот на Манчестер Сити бил итно опериран од слепо црево откако се пожалил на болки во кампот на Англија.
Фил Фоден од болнички кревет ги бодреше „Трите Лава“ против Украина наместо да помогне на теренот. Младата ѕвезда на Манчестер Сити се пожалил на болки во кампот на Англија, па итно бил опериран од слепо црево.
Тој сега нема да биде во комбинација за дербито против Ливерпул во сабота, а се шпекулира дека може да паузира и до еден месец.
Со ваква прогноза, Фил Фоден ќе го пропушти и двомечот против Баерн Минхен во Лигата на шампиони, а ќе биде и под знак прашалник за големата пресметка со Арсенал на 26. април.
Phil Foden watches England in hospital as he gives update after emergency surgery https://t.co/Q0yRnbeGxV
— talkSPORT (@talkSPORT) March 27, 2023