Камилчан Агдаш е млад навивач на Фенербахче, кој преживеа под урнатините цели 119 часови, а потоа беше пронајден во дрес на својот омилен тим.
Агдаш спиел во дрес на Фенербахче, кога неговиот град го погоди силен земјотрес, а неговото прво прашање по спасувањето било „кој ден е денес“.
На денот кога жолто-црните од Истанбул требаше да одиграат натпревар, неговиот град го погоди разорен земјотрес. Ова 16 годишно момче помина речиси пет дена под урнатините.
Од Фенербахче сакаат да му подготват пречек на стадионот на момчето.
-119 часа подоцна очите ни се полни со солзи, повторно веруваме во чуда. Има многу натпревари до крајот. Камилчан, те чекаме, напиша великанот од Истанбул на Твитер.
Bu gece, 119. saatte gözlerimizde yaş, mucizelere bir kez daha inandık biz!
Daha gidilecek çok maçımız var, seni bekliyoruz Kamilcan 🙏 pic.twitter.com/TnxB8GUuCP
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) February 11, 2023