вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Билетите за финалето на ЕУРО на „црно“се продаваат за 50.000 фунти

ФОТО: Билетите за финалето на ЕУРО на „црно“се продаваат за 50.000 фунти

Англиските медиуми објавуваат дека билети на „црно“ се продаваат за сума од 50.000 евра, на сајтовите за препродажба вред ното парче хартија за да се следи дуелот Англија – Италија во недела стигна до неверојатна сума.

Засега има понуди за 40.000 фунти, плус резервација од 10.000, вкупно најскапиот билет на црно се продава за неверојатни 50.000 фунти, пишува „САН“.

Англија за прв пат е во финалето на ЕУРО, стадионот Вембли е намален капацитет од 90.000 на 60.000 седишта поради Ковид протоколите, па цените на црната берза за билет од финалето стигна до неверојатна сума.

Најефтиниот билет на црно е 3.400 фунти, а најскапиот стигна до сума од 50.000.