сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Дресот со кој Ливи ги отпиша Јапонците заврши кај – Стефан Ристовски!

ФОТО: Дресот со кој Ливи ги отпиша Јапонците заврши кај – Стефан Ристовски!

Фудбалската селекција на Хрватска одново ги освои срцата на неутралните љубители на Светското првенство во Катар.

„Ватрените“ одиграа нов неверојатен Мундијал и заслужено се закитија со бронзениот медал, а еден од најдобрите од четата на Златко Далиќ беше голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ. Популарниот Ливи беше фантастичен меѓу стативите и благодарение на неговите одбрани Хрватска ги елиминира Јапонија и Бразил во втората фаза од шампионатот.

Дресот со кој Ливаковиќ беше херој во пенал-рулетот со Јапонија во осминафиналето заврши во рацете на македонскиот капитен Стефан Ристовски, неговиот соиграч од редовите на Динамо Загреб.

И покрај моќниот настап во Катар, Ливаковиќ не ја доби престижната награда за најдобар голман на шамионатот, која што на крај заврши кај светскиот шампион Емилијано Мартинез.