петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Камерите ги уловија Чави и Левандовски во ист ресторан во Ибица

ФОТО: Камерите ги уловија Чави и Левандовски во ист ресторан во Ибица

Роберт Левандовски речиси сигурно повеќе нема повеќе да игра за Баерн Минхен, а Барселона е најреална опција за иднината на полскиот голгетер.

Клубот одамна се обидува да пронајде заеднички јазик со Баерн, Баварците се тежок преговарач и сакаат да заработат на овој трансфер. Левандовски размислува само за Барселона, тоа е веќе повеќе од јасно, а последните информации само ја подгреваат ситуацијата.

Имено, ѕвездата од Полска се наоѓа на одмор во Ибица, а таму е и тренерот на Барселона. Чави Хернандез. За ситуацијата да биде поинтересна, камерите ги уловија Полјакот и Шпанецот како влегуваат во ист ресторан, истата вечер. Иако нејасно е дали тие биле заедно во овој ресторан, тоа само дополнително ја продлабочува оваа трансфер сага.