По 14 години, некои други играч ќе играат покрај левата аут линија на натпреварите на Реал. Бразилскиот лев бек Марсело се збогува со клубот во кој освои многу трофеи, а во саботата уште еднаш го крена трофејот во Лигата на шампионите.
Во средината на мај Марсело наполни 34 години. Тој за роденден не доби нов договор со Реал, а всушност уште порано се знаеше дека на крајот од сезоната се збогува од кралскиот клуб. Во Ла Лига одигра само 12 натпревари, додека во Лигата на шампионите учествуваше на само три натпревари.
Сепак, Марсело ја прослави титулата европски првак како да му е прва.
„Овде го затворам поглавјето во најдобриот клуб во светот. Ова не е тажен ден, денес е среќен ден затоа што повторно победивме на најдоброто натпреварување во светот. Го освоивме овој трофеј!“, изјави Марсело на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ за време на прославата на титулата на Реал.
Марсело за Реал одигра 545 натпревари и постигна 38 гола. Тој дојде во клубот во 2007 година од Флуминенсе, а се шпекулира дека сега ќе се врати токму во овој клубот како слободен играч.