петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Мбапе е виден во Мадрид, со него и соиграч од ПСЖ

ФОТО: Мбапе е виден во Мадрид, со него и соиграч од ПСЖ

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е виден во Мадрид, пренесува шпанскиот медиум „Desportes Cope“.

Беше фотографиран на влезот во познат мадридски ресторан во друштво на соиграчот од ПСЖ, поранешниот играч на Реал Мадрид, Ахраф Хакими и неговиот брат.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува ова лето, а многу медиуми пишуваат долг период веќе пишуваат дека наскоро ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

Францускиот весник „Le Parisien“ пред неколку дена излезе со информација дека ПСЖ постигнал нов договор со Мбапе и дека тој ќе остане на „Паркот на принцовите“.

Французите тврдат дека ПСЖ му понудил 100 милиони евра бонус и уште 50 милиони евра годишна плата на Мбапе за да остане во Париз во следните две години. Ова се сумите до кои Реал, клубот во кој сака да оди Французинот, не може ниту да се приближи.

Но, набрзо се јавила мајката на Мбапе и им кажала на медиумите дека тој не се договорил за никаков нов договор.

– Нема договор. Ниту со ПСЖ, ниту со кој било друг клуб – рече Фајза Ламари, додавајќи дека Килијан ќе го направи најдобриот избор.