Алваро Мората изминатиов 23 октомври наполни 26 години, но две недели по денот кога славеше роденден, напаѓачот на Челси се пофали дека го добил најдобриот и најубавиот подарок во неговиот живот.
Неговата сопруга Алис Кампело се погрижила за најоригинален и исклучително генијален подарок, а за остварување на истиот огромна заслуга оди и на сметка на легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес.
Мората во безброј наврати има истканато дека негов најголем идол е Раул, а денеска доби специјален дрес и негови копачки со потпис и посвета од фудбалската легенда на „кралевите“.
– За мојот пријател Алваро Мората по повод 26 роденден. Ти посакувам се најдобро во кариерата и ти ја посакувам цела среќа на светот, за тебе и твојата фамилија, – гласи пораката која му ја напишал Раул на дресот.
Извор: derbi.mk