Светското првенство во Катар и официјално започна. Може ли да те мотивирам да почнеш да навиваш за Хрватска? Ќе се обидам, напиша инфлуенсерката Клаудија Ривиер (25).
Нејзините природни огромни гради се во преден план и често провоцира со фотографии од нив. Сега доби предупредување од следбениците за навивањето на овогодишениот Мундијал кој се одржува во Катар.
– Па, можете да навивате за Хрватска, но во вашата земја. Затоа што во Катар со таа облека би одела во затвор 15 години, ѝ напишал еден следбеник.
– Нормално не ми е баш гајле за фудбалот, но со такви ’аргументи’ можам да навивам и за Хрватска, напишал друг.
За да докаже дека навистина нејзините гради се природни објавила и лекарски извештај по извршен редовен преглед на градите во кој е наведено дека се природни.