вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Навивачите дочекаа, први фотографии на Роналдо во дресот на Јунајтед

ФОТО: Навивачите дочекаа, први фотографии на Роналдо во дресот на Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед дочекаа – пристигнаа првите фотографии на Кристијано Роналдо во дресот на „ѓаволите“.

По 12 години, португалскиот ас се врати на Олд Трафорд, потпиша двегодишен договор со клубот во кој се стекна со светска слава.

На објавените фотографии се уште ја нема бројката која Роналдо ќе ја носи на дресот. Официјално не се знае дали Португалецот повторно ќе заигра со „7“ или сепак на теренот ќе истрча со дрес со број „21“.