среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Овој графит се појави во Барселона, сликата го обиколи светот

ФОТО: Овој графит се појави во Барселона, сликата го обиколи светот

На ѕид во Барселона се појави графит кој го прикажува претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес како го бакнува во уста поранешниот американски боксер Мајк Тајсон, некогаш осуден за сексуално злоставување на една жена.

Графитот го изработил јужноамериканскиот уметник и активист како знак на протест поради бакнежот во уста на Рубиалес на Џенифер Ермосо.

„На почетокот сакав да ја отсликам победата на шпанската женска репрезентација, но кога видов што се случи со Рубиалес, увидов потреба за осуда на искористување на моќта, што е присутно во разни сфери на општеството“, рекол авторот Диего Оједа за „El Mondo“.

Шпанките ја победија Англија со 1-0 во финалето на Светското првенство одиграно на 20-ти август во Сиднеј, а еуфоричниот Рубиалес во текот на доделувањето на златните медали на подиумот со раце ја фатил главата на фудбалерката Ермосо, ја повлекол кон себе и ја бакнал во уста.

„Дали би ги бакнал така Иниеста или Карвахал?“, се прашува Оједа, бразилско-чилеански уметник.

За да го изрази својот протест против „самоволието на мажите на положбата над жените“, ги споил Рубиалес и Тајсон, боксерот кој бил во затвор од 1992-ра до 1995-та година поради пресуда за силување на една жена.

Оједа вели дека на работните места, во разни сектори, форсирањето на бакнежи се смета за нормално, а дека всушност станува збор за искористување на моќта, маскирано со „недоразбирање“.