петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Почина најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем

ФОТО: Почина најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем

Утрово во Англија на 81 година почина Џими Гривс, потврдија од Тотенхем.

Поранешниот напаѓач кој сè уште фигурира како најдобар стрелец во историјата на Тотенхем, утрово почина во својот дом. Гривс беше и репрезентативец на Англија, член на златната генерација која го крена трофејот на Светското првенство во 1966 година.

Најдолго во својата кариера се задржа во редовите на „петлите“, па за девет години постигна 266 погодоци за клубот во 379 натпревари. Исто така, Гривс во сезоната 1962/63 беше стрелец на 37 гола во Премиер лигата, рекорд кој сè уште е активен во Англија. За репрезентацијата на „Гордиот Албион“, напаѓачот одигра 57 средби, а постигна 44 гола.

Освен во Тотенхем, Гривс настапуваше и за екипата на Челзи, кратко играше за Милан, а потоа уште и за Вест Хем, Брентвуд, Челмсфорд Сити, Барнет и Вудворд Таун.