Данската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи објави нова порака од Кристијан Ериксен кој на натпреварот против Финска доживеа срцев удар, но за среќа по брзата интервенција беше спасен.
Ериксен се уште се наоѓа во болница, а овој пат објавена е и првата негова фотографија по несреќата која го потресе целиот свет.
-Здраво на сите. Ви благодарам за вашите неверојатни пораки од секаде во светот. Ми значат многу мене и на моето семејство. Добро сум, со оглед на околностите. Се уште треба да поминам низ некои испитувања во болница, но се чувствува добро. Сега, ќе ги бодрам момците од данскиот тим на следните натпревари, порача Ериксен од болница.