сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Што ќе им кажат Пипен и Џордан – Милер на посебен начин се прости од Левандовски

ФОТО: Што ќе им кажат Пипен и Џордан – Милер на посебен начин се прости од Левандовски

Роберт Левандовски и дефинитивно се сели надвор од Баерн Минхен.

Работата околу трансферот е завршена, клубовите се договорија на вредност на трансферот во висина од 50 милиони евра, на крајот Баерн Минхен ги доби бараните милиони.

Полскиот интернационалец кариерата ја продолжува во дресот на Барселона, а на заминување, неговиот доскорашен тимски колега Томас Милер, од Левандовски се прости на оригинален начин.

Тој сподели фотографија на играчи од Чикаго Булс од 1997 година, на која ги има Пипен и Џордан.

Милер очигледно дека себеси се смета за Пипен, додека неговиот колега Левандовски за Мајкл Џордан.