Ливерпул го комплетираше трансферот на Диого Жота, кој потпиша за 5 години со англискиот шампион и го зеде бројот 20.
„Црвените“ се договорија за трансферна сума од 40 милиони фунти, на која може да се додадат уште 5 милиони.
Сепак, бидејќи дефанзивецот Ки-Јана Ховер замина во спротивна насока, за 9 милиони плус 4,5 дополнително, во пракса цената на Жота е околу 30 милиони.
– Ова е многу возбудливо време за мене и за моето семејство. Ливерпул е еден од најголемите клубови во англискиот фудбал, па затоа е невозможно да му се каже „не“. Јас сум тимски играч и мојата цел ќе биде да го поддржам тимот на најдобар можен начин, прокоментира Португалецот.
Here’s @DiogoJota18‘s first message for you, Reds 🙌 pic.twitter.com/MLNy7olPMr
— Liverpool FC (@LFC) September 19, 2020
Со неговото пристигнување, Јирген Клоп ги засили сите редови на неговиот тим откако Костас Цимикас беше земен во одбрана, Тиаго Алкантара е одлична опција во средниот ред, а Жота сега ќе донесе друга опција во нападот.
We’re giving you the chance to win a shirt signed by @DiogoJota18 🙌
— Liverpool FC (@LFC) September 19, 2020