Поради високите температури, Светското првенство во Катар е прво во историјата што се одржува во зимските месеци, а сите стадиони се опремени со клима уреди за играчите и гледачите да бидат свежи.
Поради високите температури кои се над 30 степени, сите стадиони се опремени со револуционерен систем за климатизација.
– Играчите ќе го имаат најдоброто искуство во својот живот. Ја имаме најдобрата термичка технологија во нашите машини и најдобри сензори околу стадионот, изјави Сауд Абдулазиз Абдул Гани, кој е одговорен за тоа што сите стадиони во Катар се подготвени за високите температури.
Така, играчите и навивачите ќе уживаат во постојана температура на воздухот од 21-23 степени, а сензорите околу стадионот ја одржуваат температурата постојана, па дури и се прилагодуваат на условите, на сенка или на сончев сјај.
Студениот воздух постојано дува на теренот преку големи цевки поставени веднаш до тревникот. Токму поради оваа причина, најстудено ќе биде за оние кои се во непосредна близина на тие цевки, како што се играчите кои се загреваат за натпреварот на работ од теренот.
Гледачите можат да уживаат во натпреварот во лесни долги ракави или кратки ракави на температура од приближно 23 степени.