По неколку неуспешни обиди, Француската фудбалска репрезентација успеа да обезбеди ривал за својот национален тим во подготвителниот период за ЕУРО 2020. Пријателски меч со Франција с есогласи да игра репрезентацијата на Украина.
Средбата ќе се одржи на 27 март 2020 година, најверојатно во Франција.
Претходно пријателски меч со „триколорите“ одбија неколку селекции меѓу кои и Белгија која се „исплаши“ со евентуален пораз, пред крајот на годината да ја загуби првата позиција на ФИФА рејтинг листата.