сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Френк Лампард ќе биде привремен менаџер на Челзи

Френк Лампард ќе биде привремен менаџер на Челзи

Поранешниот фудбалски репрезентативец Френк Лампард ќе биде новиот тренер на Челзи, клубот во чија историја е прв стрелец. Одлуката е донесена, се чека само и официјализација на оваа вест.

Лампард би требало да ги води Сините само до крајот на сезонава, а ако се покаже, може да остане и после тоа. Лампард веќе работеше како тренер на Челзи, но не се прослави и во јануари 2021 година беше заменет со Томас Тухел. Потоа Лампард беше менаџер и на Евертон, од каде го избркаа во јануари.